Accenture Unique Identity Service платформата содржи биометрички систем кој го создава дигиталниот идентитет
Речиси една шестина од вкупното светско население не поседува никаков документ за идентификација. Некои ги изгубиле бегајќи од воените виори, а други никогаш и не ги поседувале. Недостигот на документи за идентификација оневозможува овие луѓе да ги остваруваат своите права – за образование, здравствена заштита, гласачко право, социјална заштита и многу други.
За да се реши овој проблем, ОН го покренаа ID2020, глобално јавно-приватно партнерство кое би требало да ја разреши оваа состојба. Целта на ова партнерство е да се создаде дигитален идентитет кој би им овозможувал на луѓето без документи да ги остваруваат своите права на безбеден начин.
Компанијата Accenture, во соработка со Microsoft и Avande, разви прототип на дигитален идентитет базиран на blockchain технологија, вид систем на база на податоци кој обезбедува пристап на исти податоци до различни дестинации со вонредно високо ниво на доверба и сигурност.
Прототипот ја користи платформата Microsoft Azure cloud, а е дизајниран така што на секој поединец му нуди можност да одлучува кој има право на пристап до неговите лични податоци и под кои услови смее да ги користи.
Тоа е софистицирана, децентрализирана или дистрибуирана архитектура на база на податоци, втемелена на технологијата blockchain, а воедно ја елиминира потребата за централизирано складирање и управување.
„Луѓето без документиран идентитет страдаат затоа што се исклучени од модерното општество. Нашиот прототип е личен, приватен, пренослив и им обезбедува на поединците пристап и споделување на соодветни информации кога е неопходно, без потреба од хартиена документација“, истакнува управникот на глобалното blockchain-управување на Accenture, Дејвид Трит.
За да може нивниот систем да функционира без хартиени документи, Accenture користи Unique Identity Service, платформа која во себе содржи биометриски систем кој управува со отпечатоците од прстите, сликите од ирисот и други идентификациски податоци.
Платформата на Accenture е составен дел од Biometryc Identity Management System, кој моментално го користи Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци при ОН, каде што веќе се складирани податоци за повеќе од 1,3 милион бегалци од 29 држави.
Презентацијата одржана на ID2020 самитот можете да ја погледнете тука.
ИЗВОР: zimo.hr
Поврзани артикли