Марк Зукерберг коментираше во врска со вештачката интелигенција, велејќи дека луѓето што предупредуваат на трагични сценарија што се однесува до вештачката интелигенција се неодговорни.
Ова предизвика реакција од Илон Маск, кој возвратил со коментар на „Твитер“ велејќи дека познавањето на Зукерберг за тематиката е ограничено.
Основачот на „Фејсбук“ го дал коментарот за време на интервју во живо со корисниците, а во прашањето што го одговарал бил споменат и Маск. Основачот, пак, на „Тесла“, „Спејс Екс“ и „Неуралинк“, во неколку наврати има споменато дека човештвото треба да биде загрижено поради вештачката интелигенција.
Зукерберг во интервјуто истакнал дека е оптимист во врска со напредокот на оваа област бидејќи вештачката интелигенција ќе донесе многубројни подобрувања во нашите животи.
Вештачката интелигенција е една од најчесто споменуваните теми во технологијата во моментов. Сепак, невозможно е да се каже дали Зукерберг или Маск е во право во врска со насоката во која се движи светот со вештачката интелигенција. Останува да се види што ќе донесе иднината.