Seavus едукативен и развоен центар ја проширува својата мрежа на дејствување со отворање на Академија за програмирање во Охрид
Seavus едукативен и развоен центар ја проширува својата мрежа на дејствување со отворање на Академија за програмирање во Охрид. Изминатата сабота (22.07) претставници на центарот пред Охриѓани ја промовираа Академијата за програмирање која ќе стартува од октомври оваа година.
Академијата за програмирање е една од најатрактивните програми на Seavus едукативен и развоен центар на која секоја година драстично расте бројот на запишани студенти. Токму поради големиот интерес, тимот донесе одлука програмата да ја понуди на уште една локација во земјата, а тоа е Охрид. На овој начин СЕДЦ географски ќе биде поблиску до сите млади од Охрид, Струга, Битола, Ресен и околните градови кои својата иднина ја гледаат во ИТ индустријата.
“Code&Cocktails го организиравме со цел да им дадеме шанса на сите заинтересирани од Охрид и околните места поблиску да се запознаат со работата на СЕДЦ и особено со програмата на Академијата за програмирање и тимот кој е стои позади оваа академија. Задоволни сме што интересот за настанот беше голем и очекувано истиот помина во мотивирачка, а сепак опуштена атмосфера во еден од охридските локали. На настанот говореа координаторот и дел од тренерите на Академијата – искусни професионалци во Seavus, а со свои искуства придонес дадоа и поранешни студенти на СЕДЦ, сега веќе наши колеги. Покрај за искуствата од академијата, се водеше интересна дискусија и за атрактивноста на професијата како и изборот на различни технологии и нивната применливост денес. Настанот го заокруживме со т.н. “Speed Challenge”- односно онлајн тест-натпревар кој на една од пријавените учесници во натпреварот и донесе полустипендија за Академијата за програмирање”, изјави Весна Иваноска, генерален менаџер на СЕДЦ.
Академијата за програмирање, односно развој на веб технологии е комбинација на последните веб технологии и традиционалниот пристап во изучувањето на компјутерските науки. Академиите кои ги нуди Seavus едукативен и развоен центар важат за најсовремени програми од ИТ индустријата, студентите работат со врвна технологија во одлични услови и најважно од се учат од докажани професионалци во својата област. Покрај академијата за програмирање која е достапна за изучување во Скопје и Охрид, во главното седиште на Seavus едукативен и развоен центар во главниот град функционираат и академиите за компјутерски мрежи и дизајн.