Големината на пицата, количината кашкавал, начинот на плаќање и уште многу работи сега сами можете да ги изберете благодарение на новата иновација на синџирот пицерии Pizza Hut.
Сите знаеме како е кога пицата што сме ја нарачале ни одблиску не е иста со она што сме го добиле. Сега во соработка со Chaotic Moon Studios, Pizza Hut нуди уште една во низата иновации – интерактивна маса.
Кога ќе седнете на масата и ќе го ставите мобилниот телефон на површината, софтверот автоматски ќе ве препознае. Може да ја изберете големината на пицата, изгледот на кората, каков сос сакате, количината кашкавал и уште многу работи. Пицата може да се подели на два дела, така што двајца можат да јадат иста, а сепак целосно различна верзија на пицата.
Бидејќи телефонот се поврзува со масата, на крајот од нарачката избирате како ќе платите: со кредитна или дебитна картичка или со готовина. Откако ќе изберете се и додека чекате можете да одиграте некоја игра, а часовникот на чевата страна одбројува за колку минути ќе биде готова пицата.
Еве како се користи оваа неверојатна маса.
https://www.youtube.com/watch?v=xvT0MCugb58