Додека се подготвуваат за Зимската олимпијада во Јужна Кореја, која ќе се одржи наредната година, електронскиот гигант „LG“ креира роботи што ќе бидат изложени на најголемиот државен аеродром, во Сеул.
Роботот наречен „Робот водич“ ќе им дава насоки на патниците и информации за времето на полетување на авионите. Зборува 4 јазици: корејски, англиски, кинески и јапонски. Патниците ќе можат да ги скенираат своите билети и роботот ќе ги однесе до точното место од каде што треба да тргнат. Роботот се движи побавно, па тоа може да е единствената негативна карактеристика.
Вториот робот наречен „Робот чистач“ е како мини-цистерна со футуристички изглед. Неговата задача е да го расчистува просторот, односно да го чисти сметот за аеродромот да биде во добра состојба.
Во изјава за медиумите, од компанијата истакнале дека ваквите иновации ја покажуваат амбицијата на компанијата за развој и проширување на бизнисот со роботи за поедноставување на животот. Роботите би требало да се во добра состојба додека не се во близина на скали и фонтани.