Бесплатните достапни WiFi мрежи денес се присутни насекаде. Но тоа не значи дека сите се безбедни и дека сите можете да ги користите без да внимавате.
Иако повеќето безжични рутери и лаптопи доаѓаат со вграден „firewall“, сепак тој не е доволен за да ве заштити од хакирање на вашите уреди – дури и кога сте меѓу сопствените четири ѕида.
Поголемиот дел од денешните веб-пребарувачи – меѓу кои се наоѓаат и „Safari“, „Microsoft Edge“ и „Chrome“, доаѓаат со вградена функција за заштита на приватноста.
Сепак, би можело да се појави предупредување дека вашата конекција не е приватна (Your Connection Is Not Private), со што би бил спречен пристапот до одредени веб-дестинации кои се сметаат за небезбедни.
Постојат неколку начини за да утврдите дали вашата интернет-конекција е безбедна од хакери кои сакаат да ги откријат вашите лозинки, броеви од кредитни картички и други податоци.
Доколку користите оперативен систем „Windows“, проверете кое ниво на безбедност е вклучено во табот „Security“.
Пред извршување на финансиските трансакции, односно преносот на какви било доверливи информации онлајн, потребно е да видите дали веб-дестинацијата користи https://, бидејќи не треба да користи http://.
Побарајте и сликичка со заклучен зелен катанец во веб-пребарувачот. Ако е присутен, тогаш тоа е знак дека веб-пребарувачот има дополнителен слој на безбедност што ги енкриптира податоците од испраќачот до дестинацијата и назад.
Имајте на ум дека со ова не сте целосно невидливи: интернет-провајдерите, работодавците и веб-страниците и понатаму можат да видат што правите. Добро би било да го исклучите споделувањето на податоците и мрежата, како и апликациите што го прават тоа.
На лаптопот отворете Control Panel>Network>Internet>Choose Change Advanced Sharing Settings. Тука можете да го исклучите споделувањето на датотеките и печатачот.
За компјутерите што користат „Windows 10“, одете на функцијата „Make This PC Discoverable“ и да се префрлите од јавен на приватен режим на работа. Ако сте на „Mac“, отворете System Preferences>Sharing. Деселектирајте ги сите опции.
Исто така, можете да поставите „firewall“ кој ќе ги блокира неовластените обиди за пристап до вашиот компјутер. Одете Control Panel>System and Security и исклучете го „firewall“. На „Mac“ одете System Preferences>Security & Privacy.
Разгледајте ја можноста за користење виртуелна приватна мрежа (virtual private netwokr, VPN) додека сурфате на интернет. Така ќе ја покриете вашата IP адреса од интернет сервис-провајдерите.
Освен тоа, корисно е да ја чистите историјата на пребарувања на секои неколку дена или недели, да ја менувате лозинката со помош на алатките како „LastPass“ или „Zoho Vault“ и да ви биде безжичната мрежа исклучена додека не ја користите.
И секако, држете се подалеку од поврзување со сомнителни безжични мрежи.
ИЗВОР: Факултети.мк
Поврзани артикли