Астрономите откриле масивен грозд од галаксии лоциран на околу 4 милијарди светлосни години растојание од Земјата. Не само што е една од најголемите познати структури во вселената, туку се наоѓа и на најголема дистанца што некогаш била набљудувана.
Галаксиите се групираат во поголеми гроздови кои се нарекуваат и супергроздови, како новооткриениот. Се работи за незамисливо огромни космички агрегации кои собираат галактички гроздови. Астрономите го именуваа супергроздот од галаксии како античката река Сарасвати. Тој има маса еднаква на повеќе од 20 милиони милијарди Сонца. Составен е од 43 групи галаксии и гроздови. Интересно е тоа што светлината од Сарасвати патувала многу долго за да биде забележана оттука. Нашето сегашно познавање за галактичката еволуција е дека супергроздовите немале доволно време за да се формираат кога универзумот бил само 10 милијарди години стар.
Според повеќето теоретски концепти, темна енергија и темна маса можеби одиграле клучна улога во формирањето на супергроздовите. Вистина е дека темната материја и енергија може да формира големи структури, но сознавањето на супергрозд од толкава големина е навистина енигма, сметаат експертите.
Поврзани артикли