Google ги потенцираше можностите и предностите на Google Glass пред неколку години, кога производот беше објавен како дел од Explorer програмата. Меѓутоа, амбициите на компанијата да стави носечки компјутер на нашите лица, се изјаловија. Компанијата не ја објави втората верзија на Google Glass, а за производот речиси и ништо да не слушнавме во текот на последните две години. Сепак, новиот Google Glass е објавен денеска, но не е наменет за сите.
Google почна да се фокусира на апликациите за оваа технологија, но во ентерпрајз сегментот на пазарот. Во последните две години, компанијата работеше на тоа Glass да го направи покорисен за бизнис корисниците.
Новиот Google Glass Enterprise Edition, кој е објавен денеска ќе биде широко распространет за enterprise корисниците. Партнерите на компанијата, како што е GE Aviation, помогнаа во тоа Google Glass да биде покорисен во фабриките и производните линии.
Иако Google Glass нема да го најде својот пат до пошироката потрошувачка публика, убаво е да се види дека Google конечно пронајде место за овој производ на пазарот.