Samsung е првиот производител кој произведе LED дисплеј наменет за кината со големина од 10,3 метри во дијагонала и целосна 4K Cinema резолуција од 4096х2160 пиксели и HDR поддршка.
Производителот го истакнува исклучителниот контраст и длабоката црна боја, кој е на нивото на најдобрите кино проектори, но и за 10 пати посилната светлина од таа што можат да ја продуцираат проекторите. Благодарение на тоа, 3D филмовите скоро сигурно ќе бидат поубави за гледање на овој телевизор – со очилата, многу филмови знаат да бидат исклучително темни.
Според корејскиот гигант, нивниот „телевизор“ ги задоволува сите стандарди на бои од Холивуд, што значи дека филмовите ќе изгледаат онака како што замислил режисерот, но покрај тоа, овој телевизор ќе биде добар и за гледање спортски преноси, нешто што скоро е невозможно да се направи на обичен филмски проектор.
И покрај сите овие квалитети на огромниот дисплеј на Samsung, многу филмски ентузијасти се’ уште не се убедени во гледањето филм на голем дисплеј. Според нив, вистинското кино искуство може да го пружи само квалитетен проектор. Сепак, јас би рекол да почекаме и сами да видиме како ќе изгледа некој добар филм на голем LED дисплеј и дури потоа да ги дадеме конечните коментари.
https://www.youtube.com/watch?v=eJC8-v0Xlmo