Основачот на компаниите SpaceX и Tesla Елон Маск смета дека вештачката интелигенција е најголемата опасност со која се соочува човештвото и дека роботите би можеле да почнат да убиваат луѓе.
Додека работат на реализирање на најнови технологии, луѓето забораваат на опасноста што демне од вештачката интелигенција.
„Роботите би можеле да почнат војни, да произведуваат лажни вести и медиумски соопштенија, да лажираат онлајн профили и e-mail адреси и со тоа да манипулираат со информации“, предупредува Маск.
Според него, сѐдодека луѓето не ги видат роботите како се шетаат по улица и убиваат луѓе, нема да знаат како да реагираат, бидејќи идејата за сето тоа им изгледа нереална.
На средбата со Националното здружение на гувернери на САД, Маск порачал дека е неопходно да се воведе државна контрола преку која би се „зауздале“ компаниите што работат на усовршување на вештачката интелигенција.
„Во контакт сум со најразвиените типови на вештачка интелигенција и знам за што зборувам“, вели Маск.
Тој неодамна изјави дека наскоро ќе претстави нова технологија со која човечкиот мозок ќе се спои со компјутер.
Поврзани артикли