Facebook прави нов чекор во правењето на очилата за виртуелната реалност Oculus Rift. Подоцна во текот на оваа година компанијата планира да претстави поевтин безжичен уред за кој се надева дека ќе ја популаризира виртуелната реалност на начинот на кој Apple го направи популарен смартфонот, пренесува Bloomberg.
Во моментов хардверот за виртуелната реалност доаѓа до клиентите по два главни канали: евтини очила што ги претвори смартфоните во графички за виртуелната реалност (како „Gear VR“ на „Samsung“ за 130 долари) и гејмерските платформи од висока класа (како Oculus Rift на Facebook за 400 долари ), кои се поврзуваат со десктоп компјутери за над 1.000 долари.
Новата класа гаџети на Facebook е наменета да се премости јазот – уред кој ќе се продава за помалку од 200 долари и нема да има потреба да биде поврзан со компјутер или телефон, велат извори запознаени со развојот. Тој ќе биде претставен официјално во следната година и ќе претставува целосно нова категорија.
Слично на тековните производи, Oculus новите очила ќе бидат насочени кон игрите, гледањето видео и социјалните мрежи, појаснуваат изворите кои не сакаат да бидат именувани, бидејќи темата е доверлива. Уредот со кодно име Pacific личи на покомпактна верзија на Rift и ќе биде полесен од Gear V на Samsung, вели еден од изворите.
Дизајнот и карактеристиките на уредот не се финализирани и може да настапи извесна промена, но идејата е корисникот да биде во можност да ги извади очилата од чантата и да гледа филмови за време на лет, токму онака како што сега може да го прави со телефонот или таблетот.