Неодамнешното истражување што го спроведе компанијата Verto Analytics, покажува дека Siri е убедливо најпопуларниот виртуелен асистент во Америка. Студијата покажува дека Siri има 41,4 милиони месечни корисници, од вкупно 71 милион корисници што употребуваат виртуелни асистенти.
Меѓутоа, според анализите, изгледа дека популарноста на Siri се намалува. Студијата тврди дека помеѓу мај 2016 и мај 2017 година, Siri загубила 7,3 милиони месечни корисници. Таа не е единствено што опаѓа, бидејќи и S Voice на Samsung загуби корисници.
Verto Analytics сугерира дека популарноста на самостојните производи, како што се Google Home и Amazon Echo може да биде причина за намалување на популарноста на виртуелниот асистент Siri. Apple подоцна во текот на годината би требало да го претстави HomePod, што ќе се натпреварува на ова поле.
Поврзани артикли