Tambour Horizon има дијаметар од само 42 милиметри и е најмалиот од сите луксузни паметни часовници
Понекогаш се чини дека за компаниите претставува престиж да направат и да пласираат паметен часовник. Последна компанија која се приклучи во клубот производители на паметни часовници е познатиот моден бренд Louis Vuitton.
Француската модна куќа ги изненади сите кога го претстави паметниот часовник Tambour Horizon, кој во себе ја има сета потребна технологија која може да се очeкува од паметен часоник, а е спакувана во дизајнерско куќиште кое е карактеристично за Louis Vuitton.
За разлика од другите часовници, Tambour Horizon има дијаметар од само 42 милиметри и е најмалиот од сите луксузни паметни часовници. Исто така, тој е единствениот паметен часовник кој работи и во Кина.
Louis Vuitton последните две години работеше заедно со Google и Qualcomm на паметиот часовник за да бидат сигурно дека конечниот производ е луксузен часовник со преубав дизајн. Иако работи со оперативниот систем Android, часовникот е целосно прилагоден во стилот на Louis Vuitton, па има вградени можности карактеристични за модната куќа.
„Не знаеме во која насока ќе оди индустријата за паметни уреди, но знаеме дека ќе биде популарна. Мора да предвидиме што ќе се случува, а тоа можеме да го направиме на два начини: да седиме на маргините и да гледаме што се случува или да се вклучиме и да бидеме главни“ велат од Louis Vuitton.
Со цена од 2.500 долари, Tambour Horizon е најскапиот паметен часовник на пазарот.
ИЗВОР: Zimo.hr