Movies секцијата на Google Play Store доби нова надградба со која се подобрува квалитетот на
услугите за корисниците со тоа што може да се прикажуваат филмови во највисоката 4K HD
резолуција, а исто така има поддршка и за HDR видео режимот со што до израз доаѓа поголема
длабочина на сликата на сцени каде има силен контраст и различни степени на осветлување со што
се добива многу поприроден изглед.

4K HDR видеата може да ги гледате на смартфони како Samsung Galaxy S8, LG G6 и Sony Xperia XZ
Premium, како и на соодветни смарт телевизори. Сепак, ова е нов видео стандард и засега мал број
на содржини се со 4K HDR.