Хибридниот 2-во-1 лаптоп/таблет има дисплеј со големина од 12 инчи и прилично висока резолуција од 2880х1920 пиксели
The Dell Latitude 7285 е првиот лаптоп во светот што ќе се полни безжично, но оваа можност ќе мора да биде додадена со дополнителен трошок. Станува збор за 12-инчен 2-во-1 уред, кој најпрвин беше објавен за време на Саемот за технологија CES во Лас Вегас.
Лаптопот/таблет е прилично моќен – опремен е со Core i5 и Core i7 процесор, 8 или 16 GB рам и SSD дискови со капацитет од 128 или 256. Дисплејот има големина од 12 инчи и прилично висока резолуција од 2880х1920 пиксели.
Dell е првиот производител кој во својот Latitude 7285 таблет/лаптоп вградува нов тип на безжично полнење, кај кое нема да мора да го ставите вашиот лаптоп прецизно на некој тип на полнач во долниот дел, односно уредот ќе може да се полни и од далечина. Технологијата која овозможува вакво полнење се вика WiTricity и истата работи со магнетна резонанца, која овозможува полнење на малку поголеми далечини и преку различни материјали. Поточно, таблетот со тастатурата сега нема да мора прецизно да ги поставите на долниот дел кој е задолжен за полнење, што дава многу слобода при користењето на овој уред на вашата маса.
Уредот ќе биде достапен во неколку опции, односно со обична дополнителна тастатура, со тастатура со дополнителна батерија (250 долари) и тастатура која поддржува безжично полнење и која чини 380 долари. Исто така, за да можете да имате безжично полнење, треба да доплатите 580 долари за подлогата која го овозможува тоа.
https://www.youtube.com/watch?v=t45uNWUhz0k
Цената на самиот таблет/лаптоп почнува од 1.200 долари, што и не е толку многу. Сепак, доколку сакате вистински опремен Dell Latitude 7285 , со сите негови адути, цената лесно ќе стигне до околу 2.000 долари, што е веројатно премногу, особено само за да имате можност за безжично полнење на вашиот лаптоп.