Пред околу три децении астрономите беа сведоци на редок и насилен космички настан: ѕвезда што умира експлодира, оддалечена 168.000 светлосни години, со интензитет на 100 милиони Сонца.
Таа ѕвездена ерупција била толку светла, што се смета за првата супернова што можела да се види со голо око во изминатите 400 години. Сега првпат научниците имаат увид во срцето на оваа ѕвезда што експлодира и детектирале молекуларни почетоци на нови космички тела кои се формирале внатре.
Научниците изработиле 3Д-мапа на структурата на молекулите и откриле присуство на нови хемиски елементи.
Освен што суперновите можат да бидат деструктивни, тие исто така произведуваат и хемиски реакции кои раѓаат космичка прашина, која, пак, може да формира основи за нови ѕвезди и планети. Молекуларните формации не биле забележани никогаш порано во млада супернова. Според научниците, откритијата за овие молекули значат дека е можно да постојат и други неидентификувани формации во јадрото на ѕвездата, па тоа може да ги промени нашите сфаќања за тоа како молекулите и космичката прашина се создаваат во текот на вакви насилни вселенски настани.
Поврзани артикли