Смартфоните веќе не ги користат само младите или генерацијата на „милениалси“. За 95% од луѓето во Европа на возраст меѓу 18 – 24 година и за 94% од оние меѓу 35 – 45 година, смартфонот е веќе главна замена на фотоапаратот. Над 90% од Европејците го користат смартфонот наместо фотоапаратот, а над 70% го користат како патна карта и за навигација. Ова го покажуваат податоците на Huawei Summer Barometer 2017 – меѓународно истражување, спроведено во мај месец меѓу 6023 корисници од Централна, Источна и Северна Европа на возраст 18-45 години, кои имаат или користеле смартфон во последните 24 месеци. Целта на студијата била да се разберат главните карактеристики кои корисниците ги уживаат на своите смартфони и за што ќе ги користат уредите во претстојните летни месеци и планираните одмори. Промените наметнати од смартфоните се забележуваат најмногу кога станува збор за летните одмори или туристичкиот бизнис во целина.
Истражувањето докажува дека милиони луѓе низ светот стануваат се повеќе запознаени со смартфонот, учиме по нешто ново за нив секој ден. Постојат нови “паметни” тенденции, како што е преземањето на карти за офлајн користење. Долгиот живот на батеријата е најважната карактеристика кај еден смартфон за 83% од корисниците на Европа, особено за време на летните одмори. Затоа уредите како надворешни батерии се меѓу најпопуларните додатоци на пазарот во моментов.
Има и уште една карактеристика која е од големо значење и е поврзана со снимање на слики и видео. 62% од корисниците во Европа велат дека сакаат камерата на нивниот смартфон да има многу висок квалитет. Ова барање се применува и за двете камери – и предните и задните. Ова не е изненадувачки, имајќи предвид дека голем број на луѓе (над 73%) си прават слики т.н. „селфи“ портрети. Обично ова се случува со предната камера на смартфонот и во последно време застапена е се почесто употребата на селфи стапот.
Студијата на Huawei открива и еден неочекуван тренд: Европејците се сè повеќе зависни од смартфоните и тие носат помалку багаж со себе кога патуваат. Смартфонот и сите пропратни додатоци се најважниот дел од багажот за лето 2017 – 39% од нас носат преносни батерии, 31% – стандардни уреди за полнење и 29% – дополнителна меморија, а 1/5 од населението во Централна, Источна Европа и скандинавските регион со себе носи селфи стапчиња.
На база на овие потреби на европските потрошувачи, Huawei креираше специјална понуда со додатоци која само ќе ја доплни сликата на совршен одмор оваа година. Под мотото „Проектот лето” во периодот 3 јули – 13 август, со секој нов купен смартфон од истоимената P серија за 2017 година на Huawei, доаѓа со интересен подарок. При купувањето на Huawei P10 корисниците добиваат бесплатно супер брз полнач за во автомобил, со P10 Plus – надворешна батерија 10 000 mAh со можност за брзо полнење, а со P10 lite изненадувањето е селфи стап и трипод во едно. Продажбата е достапна во мрежата на мобилните оператори Македонски Телеком, One Vip, како и во синџирот продавници Neptun и Setec.
Поврзани артикли