Според истражување на аналитичката куќа GfK спроведено во 17 држави во светот, повеќе од третина од испитаниците – 34% се согласиле дека имаат проблем со правењето пауза од технологијата дури и кога знаат дека тоа е пожелно. Повеќе од половина од учесниците во анкетата се сложуваат дека е тешко да се живее без технологија.
Полот не игра никаква улога во зависноста од технолиогија бидејќи еднаков број жени и мажи имаат проблем со претерано користење на благодатите на модерната доба. Најголема разлика има кога се погледаат возрасните категории на испитанциите. Тинејџерите од 15 до 19 години најмногу се изложени на влијанието на технологијата и дури 44% не можат да се одделат од своите гаџети. Кај тие во 20-тите години процентот паѓа на 41%, а кај тие меѓу 30 и 40 години паѓа на 38%. Само 29% од луѓето на возраст од 40 до 50 години се зависни од своите гаџети. Во 50-тите години има 23% зависници од технологија, а 15% кај постарите од 60 години.
Двете најстари возрасни категории имаат најмалку проблеми со оставање на технологијата. 39% од испитаниците кои живеат во семејства со поголеми примања повеќе се зависни од технологијата, а само 11% од нив можат да живеат без различни технолошки решенија. Соодносот е значително помалк во семејствата со помали примања, каде што 30% се зависни, а 20% можат да живеат нез технологија.
Гледано по земји, најмногу зависници има во Кина – 43% од популацијата која е онлајн сметаат дека се зависни од технологија. Блиску до нив се и Бразил со 42%, Аргентина со 40%, Мексико со 38%, додека САД го заземаат петтото место со 31% зависници од технологија. Од друга страна, меѓу земјите каде што најмногу луѓе без проблем можат да живеат без технологија предничи Германија со 35%, а следуваат Холандија со 30%, Белгија со 28% и Канада и Русија со по 27%.