Chrome OS добива touch-friendly верзија

Chrome OS традиционално доаѓа инсталиран на лаптопите од долниот сегмент, меѓутоа има се повеќе уреди кои го користат Chrome OS, а имаат тачскрин дисплеи. Очекувано, ова ја наведе компанијата Google да почне да го развива оперативниот систем, со цел корисничкиот интерфејс да се прилагоди на touch-friendly опкружувањето.

Според наводите, Google почна со тестирање на Touch-Friendly верзијата на Chrome OS launcher-от. Пристапот до оваа функција е можен само ако ја користите Canary верзијата на Chrome OS, која е прилично нестабилна и подложна на багови и рушење на системот. Сепак, ова е очекувано со оглед на тоа дека новиот дизајн се уште е во рана фаза.

Оние кои сакаат да експериментираат и би сакале да го пробаат новиот Chrome OS launcher со дизајн прилагоден на допира, можат инструкциите на покренување на функцијата да ги пронајдат тука.

Се очекува дека во некој момент во иднината новиот корисничките интерфејс за Chrome OS да биде достапен и во стабилниот канал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + seventeen =