Научниците пронашле необична субатомска честичка, која може да го прошири нашето знаење за клучната сила која ја поврзува материјата.
Физичарите кои работат на Големиот хадронски судирач, објавија дека потврдиле постоење на еден вид барион, честичка која веќе постоење во теоријата.
Се работи за субатомска честичка сочинета од кваркови, во која се вбројуваат протоните и неутроните, а со брзо судирање на атомите, откриена е честичката Xi cc, вели физичарот Гај Вилкинсон од Универзитетот во Оксфорд, кој бил дел од експериментот.
Честичката има два тешки кварка, и двата од оној вид кој научниците го викаат магичен и еднакво лесни. Во природата, барионите имаат во главно еден тежок барион. Затоа овој барион живеел кратко, но во светот на физиката на честички, доволно долго.
Двата тешки кварка се во интеракција која потсетува на кружење на две ѕвезди во бинарен систем, додека третиот полесен, кружи околу нив, вели Вилкинсон.
Тоа отвора прилика за научниците да пронајдат цело семејство бариони и да ги проучат.
Научниот тим го предал својот труд во магазинот Physical Review Letters.