Компаниите „Фејсбук“, „Јутјуб“ во сопственост на „Гугл“, „Твитер“ и „Мајкрософт“ договориле да се формира глобална работна група за да ги усогласат напорите за отстранување терористички содржини од своите платформи.
Реагирајќи на притисоците на европските влади и американската администрација поради големиот број терористички напади, компаниите решиле да ги поделат техничките решенија за отстранување на терористички содржини, како и да соработуваат со експертите за борба против тероризмот.
Глобалниот интернет-форум за борба против тероризмот ќе ги формализира и структурира постојните и идните области за соработка помеѓу компаниите и ќе ја негува соработката со помалите технолошки компании, влади и наднационални тела, како што се ЕУ и ОН, стои во заедничката изјава на четирите технолошки гиганти.
Компаниите ќе разменуваат најдобри практики за детектирање на ваквите содржини, а и ќе дефинираат стандардни, транспарентни методи за известување. Од „Гугл“ најавуваат дополнителни мерки за да се отстранат насилните содржини од нивната јутјуб-платформа.
Компаниите од социјалните медиуми најавиле и дека ќе соработуваат со помали компании за да им се помогне во ваквата цел.
Поврзани артикли