Motorola се очекува да претстави нов премиум смартфон до крајот на годината. Продажбата на моделот Moto X4 ќе започне за време на божиќните празници..
Првата фотографија, која го покажува изгледот на уредот, беше споделена на твитер од страна на Evan Blass. Како што беше очекувано, уредот во целост е покриен со стакло. Друга интересна карактеристика која отстапува е дуалниот систем камери на задната страна. Не се забележува скенер за отпечатоци на задниот дел, бидејќи Moto X4 доаѓа со Home копче од предната страна, во кој би требало да биде вметнат и скенерот.
Од спецификации, ќе доаѓа со Snapdragon 630, заедно со 4 или 6GB RAM и 64GB меморија. Истотака, ќе има батерија од 3000mAh и ќе биде водоотпорен и отпорен на прашина.