Brainno е нов гаџет кој е наменет да им помогне на луѓето да си го подобрат здравјето на мозокот. Се носи на уво, а ги мери мозочните бранови и срцевиот ритам во реално време. Може да го користат луѓе со различен животен стил – од бизнисмени, фитнес ентузијасти до студенти.
Човечките мозочни бранови во близина на увото се минимални, но Brainno ги засилува сигналите за прецизно да направи енцефалограм на сигналите кај задниот дел на увото со помош на три сензори. Дополнителен сензор во увото симултано го мери срцевиот ритам.
Тимот кој го направи гаџетот повеќе од 9 години спроведува истражувања за на крајот да го добие Brainno и придружната апликација Brainno Coach. Со Brainno се подобруваат когнитивните активности на мозокот, а апликацијата ги анализира податоците од сензорите за да ви помогне да го намалите стресот, да го подобрите фокусот и да бидете помирни. Со помош на бои, слики и музика дава препораки за намалување на стресот и засилена концентрација.
Има повеќе активности во апликацијата како, на пример, игри за подобрување на концентрацијата преку стимулирање на SMR брановите и игри за релаксација за да се одморите поске стресниот ден. Brainno моментално може да се добие преку кампањата на Indiegogo со донација од 130 долари.
Погледнете што добивате со Brainno.