Овој изум го носи името Biki, а станува збор за првиот бионички подводен дрон во светот кој може самостојно да ги избегнува препреките под вода, има автоматско одржување на рамнотежа и знае сам да се врати дома.
Дронот се движи со пераи со брзина од 2 километра на час и може да се нурне до длабочина од 60 метри. При тоа не произведува многу бука, само 55 децибели. Има вградено GPS систем и две светилки, безжично управување преку водоотпорен контролер и апликација, како и способност за одредување на насоката на нуркање. Кога му слабее батеријата, дронот сам се враќа на површината.
Опремен е и со камера со резолуција од 4К со стабилизатор и со 32GB меморија. Освен снимање на подводната флора и фауна, Biki е наменет и да се користи за внимавање на децата додека нуркаат или пливаат во базен.
Креаторите на дронот собраа повеќе од 201 илјада долари од 355 финансиери што е десет пати повеќе од првично побараната сума од 20 илјади долари. До крајот на кампањата на Kickstarter остануваат уште 22 дена.
Поврзани артикли