Facebook најави дека ќе ги крие објавите на корисниците што го спамираат News Feed на своите пријатели на социјалната мрежа, како дел од борбата против „кликбејт“, лажните вести и неточните информации, објави британскиот Independent. Ова според Facebook, е уште еден начин во борбата против содржините и линковите со низок квалитет.
Компанијата се одлучи на овој чекор откако спроведе истражување во кое е заклучено дека луѓето имаат се помалку трпение за корисниците што нон-стоп нешто објавуваат и споделуваат линкови во текот на целиот ден. Со оваа студија е утврдено дека корисниците што споделуваат премногу содржини во текот на денот се воглавно одговорни за делење на линкови чија содржина не е квалитетна.
Од најголемата социјална мрежа објаснуваат дека криењето на содржините ќе подразбира криење на линковите од опишаните лица, но нема да влијае на споделените видео содржини, страници, фотографии, пријавувања на местата („check in“) и објави без линкови.
Поврзани артикли