Ако користите iOS уред – ова е најдобар начин да поминувате низ текстот, да го означувате, бришете, копирате и „лепите“.
Ако користите iPhone, iPad или iPod, CNet ви препорачува да користите речиси вистинско глувче, односно курсор како да ја користите функцијата на маус и тракпад на својот iOS уред.
Потребно е било каде на тастатурата да се задржите долго додека не исчезнат сите копчиња. Потоа, не го одвојувајте прстот од екранот и лизгајте по тастатурата онака како што ви одговара, а курсорот на екранот ќе го следи прстот и ќе се движи по текстот. За да изберете некој дел од текстот лизгајте до делот каде сакате да биде почетокот, подигнете го прстот и веднаш силно притиснете долу, лизгајќи до делот каде би требало да заврши селекцијата. Да, ќе биде потребно време тоа да го вежбате, но потоа оваа функција секогаш ќе ја користите.
Освен оваа, екипата на CNet во видеото прикажува уште некои од опциите со кои можете да вршите различни дејствија со текстот. Исто така, за крај ќе напоменеме дека сите овие функции на избор и работа со текст функционираат во сите iOS апликации, па дури и некои што не ги создал Apple, но тоа ќе морате самите да го истражите.