Интернетот, барем гледано во рамки на онлајн мрежата, е најдобриот против-аргумент за тезата дека секој од нас е посебен. Зошто? Затоа што кога си онлајн, во истиот момент има уште милиони други што го прават речиси истото што и ти.
Cumulus Media состави графикон што покажува колку точно онлајн активност се случуваат во секоја една минута на Интернет. Бројките се запрепастувачки.
Во една минута се праќаат 156 милиони мејлови и 16 милиони текстуални пораки. Whatsapp сигурно би бил некаде близу, но не е вклучен во графиконот. Битката на Snapchat и Instagram продолжува како и обично, со тоа што Snapchat е моментален победник со 1.8 милиони snap-ови пратени во минута, наспроти 46.200 Инстаграм постови (стилизирањето на фотографиите трае многу подолго, затоа и логично е ваква разлика).
А следен пат кога ќе пребарувате нешто на Google, сетете се и размислете го фактот дека во тој момент сте дел од заедница од 70.016 луѓе кои го прават тоа истото. А и не мора да се сетите, како сакате. Ама пак ќе сте дел од тие 70.000 илјади.
Поврзани артикли