На бројните корисници на Facebook не им е нималку пријатно кога социјалната мрежа ќе им прикаже огласи за работи што претходно ги истражувале надвор од неа. Меѓутоа, гигантот на социјалните мрежи наскоро ќе стане уште понападен, така што ќе го таргетира целото семејство истовремено.
Оние на кои ќе им се прикаже оглас за некој хотел наскоро би можеле да дознаат дека и на целото семејство му се покажува истиот оглас. Facebook се надева дека тогаш семејството ќе седне на маса за време на вечерата и малку ќе разговара за огласите што ги виделе, а можеби и ќе отидат во некој од споменатите хотели.
Таргетирањето на домаќинствата би можело да се покаже за корисно во уверувањето на семејството дека му треба претплата за Netflix или да смислат подобри подароци едни за други во пресрет на Божик, или мажите да купат нешто што го сакаат нивните жени.
Корисниците, пак, се загрижени дека таргетирањето на целото семејство на поедините членови ќе им открие што планираат да купат едни за други за роденден или какво изненадување подготвуваат. Втора причина за грижа е можноста дека жените ќе се посомневаат дека нивниот маж врши прељуба кога ќе почнат да им се прикажуваат огласи за романтични патувања кои нивниот сопруг дотогаш не ги споменал. Јасно е зошто многумина тврдат дека животите на луѓето ќе бидат уништени
Корисниците можат да го избегнат таргетирањето така што во подесувањата за приватност ќе ја исклучат категоријата “member of a family-based household”, но многумина не знаат дека тоа можат да го направат
Поврзани артикли