Корпорацијата Mangyongdae Information Tehnology од Северна Кореја го претстави својот нов паметен телефон кој многу потсетува на смартфонот на Apple, iPhone.
Смартфонот е наречен Jindallae 3, пишува Daily Mail. Детални информации за телефонот не се познати, а името е испирирано од еден корејски цвет.
– Истражувачка група ги следи намерите на Партијата за активен развој на врвни технолошки уреди, истакнуваат властите во Северна Кореја.
Во изјавата се наведува и дека „производителот успешно ги отстранил сите пречkи во развојот на паметниот телефон без никакви потешкотии и на корејски начин“.
Според извештаите достапни во јавноста, комплетниот развој на телефон, вклучително и дизајнот и оперативниот систем се настаните во Серена Кореја. Аналитичарите на пазарот сугерираат дека Jindallae 3 е направен надвор од Северна Кореја, а дека одредени кинески модели послужиле како инспирација.
Телефонот е претставен уште во март, но дури сега се појавија првите фотографии.