Пишувањето на политички идеи и критики не е нова работа кога се работи за Facebook. Иако тие теми се често контраверзни, од најпопуларната социјална мрежа на светот тестираат можност корисниците да можат полесно да ги контактираат нивните локални политички претставници.
Опцијата која што во моментов ја тестира Facebook е достапна и за страници и за поединци, а се наоѓа веднаш до полето за пишување статус (каде што се опциите за поставување слика, емотикони, локација и др.) за страници или кај категоријата „Feeling & Activities“ под ознаката „Contacting“ за поединци.
Сепак, иако тоа би било навистина лесно, оваа опција не го известува политичкиот претставник, туку отвара можност на пријатели и следачите на профилот да добијат информации за контакт со само еден клик.
Овој новитет е проширување на платформата на Facebook Town Hall, која што користиниците од САД ја имаат уште од март. Се работи за иницијатива за доближување на политичките претставници до народот.
За сега е нејасно дали Марк Цукенберг ќе се одлучи на ширење на функционалноста на оваа опција и надвор од фазата за тестирање по другите земји, во политички системи кои што не одговараат на американскиот.
Поврзани артикли