Наесен пристигнува нов паметен часовник со AndroidWear 2.0 платформата. Овој пат станува збор за марката Emporio Armani. Под брендот Emporio Armani (под-бренд за млади луѓе) наскоро ќе се појави нов паметен часовник кој се базира на AndroidWear 2.0 платформата.
Паметниот часовник EmporioArmaniConnected, кој ќе го наследи аналогниот претходник со идентично име, доаѓа со познатите QualcommSnapdragonWear 2100 чип, кружен AMOLED екран на допир и “висока резолуција”, како што е наведено во најавата.
Софтверската компонента е платформата AndroidWear 2.0 во комбинација со приказ на известувања, следење на активностите на корисникот и интеракција со Google assistant.
Покрај тоа, корисниците ќе можат да ги заменуваат ремените (метал, кожа и ткаенина), како и изгледот на екранот на овој паметен часовник. На пазарот ќе се појави на 24 септември оваа година.
Поврзани артикли