Компанијата SpaceX на Елон Маск повторно се запиша во историјата со уште едно беспрекорно слетување на ракета, а тој побрза да се пофали со видео од потфатот.
SpaceX вчера го изведе 13. беспрекорно слетување на ракета од вселената и го спушти Falcon 9 на брод во море што се вика „Just Read the Instructions“.
Основачот на компанијата рече дека иако секој ентузијаст за вселената најверојатно го гледал подвигот in real time, тој е свесен колкава е моќта на социјалните мрежи, па објави забрзана снимка од 20 секунди на Instagram и на Twitter.
https://www.instagram.com/p/BVxysOlA04j/
Ова беше второ лансирање и слетување на ракета за SpaceX во 48 часа, што само го поддржа остварувањето на сонот на милијардерот Маск да го направи патувањето во вселената достапно како патувањето со авион.
Поврзани артикли