Google за новиот оперативен систем Android O подготви неколку нови опции со кои ќе им помогне на корисниците сами да влијаат на потрошувачката на батеријата и да ги ограничат апликациите кои смеат да останат вклучени во позадина – сите оние кои не се потребни можат да се исклучат перманентно, да на ја трошат меморијата и енергијата на батеријата.
Во менито „Батерија” се наоѓаат опции што ќе покажат кои апликации најмногу ја трошат батеријата, колку временски се корситени и колку проценти е потрошеноста на батеријата. Со клик на секоја од апликациите ќе добиете информации колку долго работела апликацијата, колку енерија вкупно потрошила, но и колку од тоа е потрошено во позадина.
Во истото мени е и опцијата „Активност во позадина”. Кога лизгачот е сив, апликацијата нема да може да се извршува во позадина и што повеќе такви апликации – подолго траење на батеријата.
Сите апликации кои не се потребни во реално време што се однесува до известувањата, можат да се „замрзнат” да не работат во позадина и да се подигнуваат без знаење на корисникот.
Иако не сме сигурни колку точно батерија се штеди на овој начин, поголемата контрола на апликациите сигурно придонесува за продолжение на автономијата.
Поврзани артикли