Кинески и австралиски научници изнајдоа начин за најтенкото холограмско проектирање во историјата досега, технологија, која во блиска иднина, може да биде интегрирана во смартфоните, лаптопите и телевизорите, пренесува БТА.
Размерот е клучен фактор за овој современ ласерски изум.
– Обичните компјутерски генерирани холограми се многу големи за електронските уреди, но нашиот вонредно тенок холограм го надминува тој недостаток, смета професорот по оптичка електроника на Технолошкиот институт во Мелбурн, Мин Гу, кој е и водач на тимот.
Тридимензионалниот холограм се генерира со помош на ласер, тополошки изолатор и многу тенок слоевит филм. Проекцијата има дебелина од само неколку стотици нанометри, односно 1000 пати потенка од човечко влакно.