Германскиот премиум гигант BMW неодамна ја претстави новата Серија 3, а во март 2019 година на пазарот ќе ја лансира хибридната верзија.

BMW 330e ќе ја заокружи баварската понуда во Серија 3 (320i, 330i, 318d, 320d, 320 xDrive, 330d).

Новиот 330е ќе има многу поголема автономија бидејќи ќе може да надмине 60 километри благодарение на новата верзија на батеријата.

Хибридната тројка ќе располага со 252 КС (292 во режим XtraBoost), што ќе му овозможи забрзување од 0-100 km/h за 6 секунди.