Едноставен е за користење, а во некои земји целосно ја уништи конкуренцијата. Оние кои редовно го користат и покрај бројните недостатоци, уживаат во предностите кои ги нуди не знаејќи за некои можности кои ги нуди. Во продолжение прочитајте совети кои ќе ви помогнат во користењето на „Viber“, а кои можеби не сте ги знаеле.
– Одете во „Settings“, пронајдете „Privacy“ и потоа исклучете го статусот „Share ‘Online’ Status“. Така, вашиот онлајн статус ќе биде сокриен и никој нема да знае дали сте приклучени.
– „Viber“ може да се инсталира и на компјутерот, што значително ќе ја олесни неговата употреба и ќе го забрза целосниот процес. Многу корисници ја заобиколуваат оваа можност сметајќи дека е апликација за мобилни уреди.
– Ако не сакате пријателите да видат дека нивната порака ви стигнала, едноставно одете „Settings“, изберете „Notifications“ и изберете ја опцијата „Show messages preview“.
– Редовно бришете ги податоците кои „Viber“ автоматски ги зачувува на вашиот уред. Меморијата на телефонот би можела да биде оптеретена и уредот да работи побавно. Во галеријата пронајдете ги содржините кои автоматски се зачувале во телефонот и забрзајте ја работата на вашиот телефон.