На приложените фотографии го гледаме големиот edge to edge екран проширен од раб до раб на уредот, со еден отсечен дел на горната страна
Apple во септември годинава се очекува да ја претстави новата генерација на iPhone. Засега се верува дека на презентацијата ќе бидат прикажани надградбите на минатогодишните модели 7S и 7S Plus, како и јубилејниот модел, што сите веќе го нарекуваат iPhone 8. Овој модел е и најинтересен бидејќи со него Apple ќе ја прослави десеттата годишнина од лансирањето на првиот iPhone и би требало да биде нивниот најекслузивен, а воедно и најкап iPhone досега.
Во јавноста веќе се појавија детали за тоа како iPhone 8 ќе има можност за индукциско полнење и OLED екран, но нема да го има Home копчето од предната страна – наместо него ќе се користи активна област од големиот екран.
Од повеќе извори сега е потврдено како ќе изгледа предната страна на уредот. На приложените фотографии го гледаме големиот edge to edge екран проширен од раб до раб на уредот, со еден отсечен дел на горната страна. Според достапните информации, до горниот раб ќе се наоѓаат отворите за звучникот, камерата, сензорот за близина и можниот ласерски 3D сензор за длабочина. Истиот дизајн е видлив и на видеото кое го прикажува заштитниот дел за дисплејот од друг производител.
OLED екранот на „осмицата“ речиси сигурно ќе има дијагонала од 5,8-инчи, сместен во куќиште со слични димензии на iPhone 7, додека новиот уред ќе порасне само некој милиметар во висина. Резолуцијата на екранот би требало да биде 2436 х 1125 активни пиксели, која ќе можат да ја користат апликациите, додека вистинската резолуција на екранот би требало да изнесува 2800 х 1242 пиксели. „Вишокот“ веројатно ќе биде искористен за системските функции како препознавање допири на рабовите и „функциската област“ која ќе го замени Home копчето.
На задната страна на уредот можеби ќе се најде Touch ID сензорот, ако Apple не успее да го интегрира под екранот. Камерите ќе бидат поставени вертикално за да овозможат поодбра работа со AR апликации, а задната страна би требало да биде изработена од стакло, поради веќе споменатата можност за безжично полнење.