Студијата која ја спроведоа норвешките научници покажа дека и кај внесувањето на нашата комбинација сме инвентивни како и со лозинките од типот „1234” или „лозинка”
Норвешките научници открија дека поголемиот дел од луѓето користат предвидливи комбинации (pattern) за да ги отклучат своите телефони, па постои можност безбедноста на податоците да е загрозена бидејќи хакерите лесно можат да ги откријат шифрите и да му пристапат на уредот.
Студијата која ја спроведоа норвешките научници покажа дека и кај внесувањето на нашата комбинација сме инвентивни како и со лозинките од типот „1234” или „лозинка”.
Марте Логе од норвешкиот Универзитет на наука и технологија вели дека комбинациите кои ги користат поголем дел од луѓето, хакерите можат да ги погодат без поголеми потешкотии. Проучуваа повеќе од 3000 комбинации што ги креираа корисниците на Android и дека дури 77 проценти од нив се движеа од еден до четири агли. Околу 44 проценти како стартна позииција го имаа горниот лев агол од екранот, што дополнително ја олеснува работата.
Анализата покажа и дека корисниците користат само пет точки што ги спојуваат на екранот, што донесува 7.152 комбинации. Ако овој број се зголеми на осум или девет, бројот на можните комбинации би скокнал дури на 140.000, пренесува T3.
Како да се направи најдобра комбинација?
- Користете повеќе точки и не базирајте ја комбинацијата на некоја буква од абецедата.
- Не ги темелете на познати облици
- Немојте да бидете предвидливи и како почетна точка не го бирајте аголот од екранот
Погледнете некои од најтешките комбинации за откривање:
Поврзани артикли