Facebook со новата опција „Stories“ на корисниците им овозможува да дознаат кој го следи секој нивни чекор на најпопуларната светска социјална мрежа
Имено, опцијата „Stories“ која стигна и на Facebook апликациите, им овозможува на корисниците да видат кој од нивните пријатели погледнале што било објавено. Споменатата опција е преземена од Snapchat, а Facebook на почеток ја интегрира во Instagram, Messenger и WhatsApp, а на крај и во главната апликација.
На сите споменати платформи таа функционира исто. Корисниците објавуваат фотографии и снимки што нивните пријатели можат да ги погледнат, а кои ќе исчезнат во период од 24 часа. Исто така, во секој момент е возможно да се види бројот на пријатели кои ја погледнале вашата објава, како и нивните имиња.
Сето тоа не би било чудно, ако Facebook не истакнеше дека нема да им овозможи на корисниците да дознаат кој ги погледнат нивните профили, а опцијата „Stories“ сега е совршена алатка за следење на луѓето.