Аналитичката компанија MorningConsult спроведе истражување во кое учествуваа 2000 луѓе, чии резултати наведуваат дека многумина од нив би го купиле овој производ
Според најновата анкета, една петтина од корисниците на Apple би го купиле HomePod како нов смарт звучник со вграден систем за гласовни команди со кој може да се управуваат уредите за домаќинство како и да се добиваат различни информации од Siri.
Аналитичката компанија MorningConsult спроведе истражување во кое учествуваа 2000 луѓе, чии резултати наведуваат дека многумина од нив би го купиле овој производ. Околу 17 проценти од учесниците мисли дека Echo e најдобар избор, по кој следи Amazon Dot со 12 отсто, а на трето место се наоѓаат Google Home и HomePod, двата со по 11 проценти. Ова не е лош почеток со оглед на тоа што производот на Apple ќе излезе во продажба дури во декември оваа година.
Друга важна работа е тоа дека корисниците на Apple се прилично верни. Околу 45 проценти од оние кои веќе имаат некој вид на Apple производ се заинтересирани за овој нов производ. Знаеме дека интересот не е голем, оние кои во ваквите тестови велат дека се многу заинтересирани полесно можат да се претворат во купувачи. За среќа, 19 проценти од луѓето го рекоа тоа.
HomePod наскоро ќе биде лансиран на пазарот со нешто повисока цена од конкурентите која ќе изнесува 350 долари и ќе биде одлично надополнување на iPhone или iPad корисниците кои веќе се навикнати на производите на Apple.
Поврзани артикли