Microsoft конечно ја објави глобалната достапност на двата свои неодамна објавени производа – Surface и Surface Pro. По иницијалната достапност, двата лаптопа сега се достапни на дваесетина пазари ширум светот.

Треба да се напомене дека Microsoft ќе ја лансира само Core i5 варијантата на Surface лаптопот, додека Core i7 моделот ќе биде достапен од лето. Исто така, Surface лаптопот ќе биде достапен само во Platinum варијанта.

Од сега се достапни и некои додатоци за лаптопи, кои го вклучуваат The Pen, Signature Type Covers, додека Surface Arc Mouse ќе почне да се испорачува од 30. јуни.