Жителите на државите членки на Европската унија oд денеска ќе можат да воспоставуваат и примаат повици, испраќаат СМС пораки и да користат мобилен интернет во рамките на ЕУ без дополнителен надомест. Овие мерки вредат и за Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Сепак, патниците во Швајцарија, Србија и Украина нема да имаат привилегија на уживање во бесплатниот роаминг.
Ваквото олеснување, за жал, не важи и за македонските граѓани, кои и понатаму ќе плаќаат поскапи сметки кога се во странство. Новата регулатива на роамингот е само за земјите на ЕУ/ЕЕА, така што Македонија не спаѓа во регулативата.
Ова правило вреди за сите корисници, без оглед на тоа дали се на претплата или користат бонови. Но корисниците треба да внимаваат не некои детали.
- Промените не се однесуваат на повиците во странство воспоставени во сопствената држава – тоа и натаму се меѓународни повици.
- Промените вредат само за туристите и посетителите. Оние кои подолго време се во странство давателот на услуги може да им наплати дополнителен надомест.
- Неограничениот промет на податоци не вреди во странство. Давателот на услуги може да го ограничи овој промет кој може да се користи во ЕУ.
- Новите услови вредат од денеска во сите земји на Европската унија и во државите од ЕЕА, како Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Но, во Швајцарија, Србија и Украина важат дополнителните надоместоци.
Истражувањата покажаа дека побарувачката на корисниците за оваа промена беа големи, посебно за прометот на податоци. Најголем успех е постигнат во Германија, Австрија, Италија, Франција и Хрватска. Европската комисија истакна дека се многу горди што успеале да најдат решение за намалување на мобилните трошоци на граѓаните во ЕУ.
Извор: Европска комисија