Да се скрати досадата со квиз на Facebook кој ќе ви открие на кој холивудски актер најмногу личите или кое животно сте биле во минатиот живот, можеби се чини како добра идеја на прв поглед. Но, зад невината забава со пријателите на социјалните мрежи, можат да се кријат и помалку невини крадци на податоци.
Хакерите можат да ги употребат квизовите како параван на злонамерните кодови. Некои од Facebook профилите ќе извлечат лични податоци и ќе ги продадат, но забележани се и поопасни сличаи во кои скриениот малвер на квиз мајсторите ќе им нанесат сериозна штета.
Значи што да преземете кога ќе ве привлече некој квиз?
- Отворајте ги квизовите само од проверени извори што ги штитат вашите податоци
- Со маусот поминете преку линкот пред да кликнете на него за да проверите дали се работи за сомнителен URL
- Линкот отворете го во посебен прозорец од оној на кој е отворена страницата на социјалната мрежа
- Постапувајте внимателно со своите податоци и не запишувајте го мејлот и бројот на телефонот било каде
- Посебно внимание обрнете на линковите кои ги споделиле пријателите, а ви се чинат крајно сензационалистички или нудат нешто на продажба
- Не пополнувајте анкети и прапалници кои бараат лични податоци или имаат прашања како име на улица во која сте пораснале или името на првиот миленик
- Пријавете ја измамата