Технолошкиот визионер Елон Маск продолжува со своите предвидувања дека до 2060 година
вештачката интелигенција ќе достигне такво ниво на развој со што ќе биде значително попаметна,
поефикасна и побрза отколку човечкиот мозок и ќе доминира во голем број на економски и
општествени области.
Според истражувањата од Оксфорд, компјутерите до 2024 година ќе бидат многу подобри во
преведувањето, а до 2026 дури и во пишувањето на училишните есеи. Во следните десет
години компјутерите подобро ќе возат камиони од луѓето, а до 2031 година подобро ќе ја
продаваат стоката, при што многу луѓе ќе ги загубат своите работни места.
Ова истражување тврди дека во следните 120 години сите работи кои што денес ги работи човекот
ќе бидат целосно автоматизирани.
Овој факт за Илон Маск не претставува никаков проблем затоа што тој во човечкиот мозок веќе
планира да вгради компјутерски системи. Имено, Маск неодамна основаше компанија која што со
помош на компјутери се обидува да излечи болести како што се епилепсијата и депресијата,
пренесува “Fox News”.
Маск не е единствениот кој што смета дека напредокот на компјутерите е неизбежен. Научниците
тврдат дека се наоѓаме на работ на ново еволуциско поместување и човекот каков што ние го
познаваме веројатно во иднина и нема да преживее
Поврзани артикли