HP го претстави Omen Accelerator – екстерно куќиште во кое е можно да се вгради графичка картичка за десктоп компјутери и така да се зголеми графичката моќ на преносните компјутери. Уредот е компатибилен со графичките картички на компаниите AMD и Nvidia TDP до 300W.
HP отиде и чекор понатаму па внатрешноста на куќиштето ја пополни и со дополнително 500-ватно напојување кое служи за напојување на графичката картичка и останатите компоненти во куќиштето. Под останати компоненти првенствено миделиме на еден 2,5-инчен хард диск или SSD уред.
Производителот исто така додаде и еден гигабитен LAN порт, четири USB 3.0 Type-A портови и еден USB 3.1 Type-C порт. Овој вториот има двојна улога – служи за спојување на акцелераторот со преносни компјутери, но и за полнење на батеријата на преносниците кои тоа го прават преку USB-C порт.
Omen Accelarator ќе стигне во продажба во текот на август по цена од 300 долари. На оваа цена треба да се додадат уште и трошоците за купување на графичка картичка и евентуално трошоците за купување на хард диск или SSD.