Првите Moto E4 Plus нацрти се појавија пред три недели, а сега имаме повеќе информации за опциите на бои што ќе ги има телефонот. Roland Quandt ги твитна рендерите на уредот, заедно со нацртите за помалиот Moto E4.
Moto E4 Plus ќе биде достапен во три бои – сива, сина и златна. Првите две опции ќе имаат црн преден панел, додека златната верзија ќе има иста боја од сите страни.
Moto E4 изгледа слично како поголемиот модел, но на втор поглед, боите во кои доаѓа се поинакви. Сината верзија е нешто потемна, додека сивата варијанта изгледа посветло отколку кај Moto E4 Plus. Златната верзија има бел преден панел.
Рендерите откриваат уште една разлика – Moto E4 Plus камерата е вдлабната во панелот на задната страна, додека циркуларниот модел на Moto E4 моделот создава испакнување на задниот дел на телефонот.
Поврзани артикли