Google ги објави своите официјални анализи кога е во прашање прифатеноста на Android, а истото во текот на својата WWDC конференција го направи и Apple за iOS 10 верзијата. Apple го најави новиот iOS 11, кој моментно е достапен како developer preview, а на поддржаните уреди ќе пристигне наесен.

Пред помалку од една година, Apple го објави iOS 10, кој минатиот септември им беше достапен на сите корисници. Девет месеци по објавата, Apple открива дека iOS 10 е инсталиран на 86 проценти од уредите.

Останува да се види дали iOS 10 ќе ја престигне iOS 9 верзијата, кога се во прашање вкупниот број на инсталации (88 проценти), пред да се појави на пазарот iOS 11.