Eкранот ќе има ист однос на страните како и Galaxy S8 и ќе изнесува 18.5:9, што укажува на тоа дека Home копчето ќе биде отстрането
Преправениот Samsung Galaxy Note 7R стигнува овој месец, меѓутоа Galaxy Note 8 е она што фановите на фаблет уредот го очекуваат со нетрпение. Новите гласини сегерираат дека телефонот ќе имплементира Infinity дисплеј (како Galaxy S8), и дека ќе пристигне со Android 7.1.1 Nougat оперативниот систем, што е верзија која се уште не сме ја виделе на Samsung телефоните.
Холандскиот сајт GalaxyClub потврди дека Galaxy Note8 се тестира со најновата верзија на Android оперативниот систем. Исто така, екранот ќе има ист однос на страните како и Galaxy S8 и ќе изнесува 18.5:9, што укажува на тоа дека Home копчето ќе биде отстрането.
Ова не претставува изненадување, но останува прашањето дали Samsung ќе успее да го имплементира сензорот за отисоци под OLED дисплејот, откако тоа го проба, но не успеа кај Galaxy S8 моделите. Исто така, ќе дознаеме дали ќе има место и за S Pen пенкалцето, кое секако ќе биде основна одлика на Galaxy Note фаблетот.
Поврзани артикли