Екранот на Samsung има резолуција од 2024 х 2200 пиксели во 3,5-инчна форма, што резултира со густина од 858 пиксели по инч
Samsung го демонстрираше новиот дисплеј со ултра-висока резолуција за уредите за виртуелна реалност. Компанијата истакнува дека овој екран има 3,5 пати повеќе пиксели отколку можат да се најдат во можните VR уреди, како што се Oculus Rift и HTC Vive.
Новиот VR дисплеј на Samsung нуди резолуција од 2024 х 2200p во 3,5-инчна форма, што резултира со густина од 858 пиксели по инч. Дисплејот исто така има и освежување од 90 херци и осветлување од 100 нита.
Се очекува новите екрани на Samsung да најдат свое место во наредната генерација VR уреди.
ИЗВОР: Ubergizmo