Швајцарец е осуден поради клевета, бидејќи на Facebook стиснал „лајк“ на критиката на претседателот на едно здружение. Ова е првпат во Швајцарија некој да е осуден поради „лајк“ со кој на Facebook се означува дали нешто ви се допаѓа или не.
Според пресудата на окружниот суд во Цирих, 45 годишниот граѓанин, чие име не е наведено, осуден е бидејќи ставил „лајк“ на коментари на Facebook во кои претседателот на здружението на противници на сточарските фарми и кланици, без докази е наречен „расист, фашист и антисемит“.
Дискусијата на активистите за одбрана на правата на животните, заради која е изречена пресудата е од 2015 година. Во пресудата судот наведува дека тој човек, со тоа што кликнал „лајк“, го проширил вредносниот суд и обвинението што не може да се докаже. Осуден е на казна од 4.000 швајцарски франци (3.700 евра), а има и право на жалба.
Поврзани артикли